Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Охрид ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степена.

Утре, особено претпладне, ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер, а од понеделник ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време.

OhridNews