Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Охрид времето денес облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Утре и во деновите од викендов повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

OhridNews