Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат над 25 l/m2 . Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Под влијание на циклонска активност од утре (26.11.2015г) до сабота (29.11.2025г) ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните. Стабилизирање на времето се очекува од недела.
OhridNews












