Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер.

Во Охрид времето денес облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Утре кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.

OhridNews