Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер и над 70 километри на час. Локално врнежите и силниот ветер ќе бидат и во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени Целзиусови.

Во Охрид ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Утре ќе има слаб локален дожд, а в недела ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата.

OhridNews