Облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Охрид времето денес облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура до 0 степени.

Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно време со пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

OhridNews