Утрово во Охрид измерени се 11 степени Целзиусови. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен до повремено силен ветер од северен и северозападен правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 20 степени.
Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Утре и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h.
Г.М.












