Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 l/m2. Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Охрид времето денес oблачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура до 13 степени.
Утре ќе има повремени локални врнежи од дожд и пораст на дневните температури кои и во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст.
OhridNews