Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Охрид времето денес облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.

OhridNews