Полициски службеници од полициската станица Охрид, денеска од слобода лишија 55-годишен охриѓаниец. Тој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.

Со брза интервенција на полициските службеници, припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински екипи, извршена е евакуација на повеќе жители од зградата а со возила на Итната медицинска помош, во Општа болница префрлени се осум лица кои имале повреди и потешкотиии при дишење, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Поради пожарот жителите од зградата вечерта ќе ја минат кај блиски. Во зградата исклучена е електричната енергија, а увид ќе биде изршен утре.

Во координација со други служби, СВР Охрид презема дополнителни мерки за поддршка на станарите и смирување на состојбата а по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност”, додава Димоски.

Г.М.

Фото: ТППЕ Охрид

Илустрација: Охридњуз