Најниска темепратура утрово во земјава од 0 степени е измерена на Попова Шапка, додека во Охрид се измерени 7 степени соопшти УХМР.
До крајот на денот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 12 степени.
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Денес врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање, информира УХМР.
Г.М.












