Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Охрид, облачно со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре ќе има повремени локални врнежи претежно од снег и ќе дува засилен северен ветер. Потоа од среда времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер, а од четврток постудено со утрински температури кои на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни, велат од УХМР.
OhridNews












