Еден патник дошол на аеродромот во кинескиот град Гуанџу си 70 парчиња облека на себе. Според локалните медиуми, необичниот патник, кој патувал за Кенија, облекол премногу облека за да не мора да плати за вишокот багаж кој го носел.
„Сумо борачот“, како што го опишале вработените на аеродромот, на себе имал повеќе од 60 кошули и маици и девет пара пантолони. Меѓутоа, заборавил на време да ги испразни џебовите, па морал да се соблече, бидејќи кога минувал низ детекторот за метал повеќе пати го активирал алармот. Полицијата во неговите џебови пронашла неколку батерии и полначи за разни апарати.