Збогатен и осовремен книжниот фонд со лектирни изданија и за основците и за оваа учебна година во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Старите и амортизирани книги заминуваат во депото на библиотеката а со новата набавка не само што е извршена нивна замена, туку и бројот на примероците е далеку поголем за повеќе ученици одеднаш да можат да го прочитаат бараниот наслов. Тоа е причина повеќе основците да се зачленат во библиотеката и да ја продолжат дружбата со лектирите, велат од библиотеката.

Од новата понуда на старите, добри наслови може да се најдат „Робинзон Крусо“ од Даниел Дефо, „Автобиографијата“ од Григор Прличев, „Калеш Анѓа“ од Стале Попов, „Збунети години“ од Велко Неделковски.

 

Од денеска подготвени за првите читатели чекаат и следните наслови „Времеплов“ од Џорџ Херберт Велс, „Трнливата полјанка “ од Катажина Рирх, „Уципуци си го бара домот“ од Зане Зуста , „Сонот на Ѕуница“ од Филиз Оздем и „Леле ми се скрши срцето“ од Елиф Јеменџи.

 

Работното време на пултот за издавање од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот, а од библиотеката потсетуваат дека годишната членарина за ученици е 200 а за возрасни 300 денари.

OhridNews