Обновена е зелената училница на Галичица и поставен е видео надзор информираат од ЈУНП Галичица.

Ве известуваме дека зелената училница изминатиот период беше уништена и често затрупана во отпад од несовесни граѓани, па ни претставуваше голем проблем во спроведувањето на едукативните активности во природа. Зелената училница сега е обновена, осветлена и под видео надзор, велат во соопштението.

Додаваат дека наставата во природа сега ќе можат успешно да ја спроведуваат и во летниот период.

Инаку, зелената училница на Галичица е дел од едукативната патека „Галичица на дланка”, во рамки на пет годишната Стратегија за еколошка едукација на Јавната Установа Национален парк Галичица.

OhridNews