Во последните неколку денови, зголемен е бројот на пациенти кои ја имаат бактеријата „стрептококус богенес“. Иако заклучно со 25-ти декември кај 12 лица е констатирано ова бактериско заболување, медицинските стручњаци сметаат дека поголем е бројот на заразени.

Најпогодена група од стретптококусот се децата, а утвредно е дека овие 12 случаи, всушност се деца на школска и предшколска возраст. Станува збор за инфекција, која се пренесува преку плунката при гласно зборување, кашлање, кивање и пеење. Според специјалистот по епидемиологија од Центарот за јавно здравје, д-р Јованка Стурлакова – Коровешовска, раното откривање и правилно лекување, придонесуваат за побрзо опоравување од ова заразно заболување. 

Првите информации ни стигнаа од матичните доктори, кои утврдиле повеќе случаи на заразени деца со стрептокока. Посетени се училиштата и градинките, каде со цел спречување на евентуална епидемија, преземни се низа активности“. – вели вели д-р Стурлакова-Коровешовска.

Во утринските часови, децата се проверуваат од страна  на воспитувачките и медицинскиот персонал. Доколку постои сомнение за некои заболувања, децата се испраќаат кај матичните доктори- додава д-р Стурлакова-Коровешовска..

Доколку децата имаат повишена температура, кашлица или излачуваат секрет од нос, се упатуваат кај матичните служби, кои ја одредуваат терапијата. Во групите каде што се најдени децата инфицирани со стрептокока, се прават контролни брисеви. Наша препорака е сите оние кои имале непосреден контакт со инфицирано лице, да ги направат брисевите. Исто така, се препорачува засилена хигиена и вонредна дезинфекција во занималните, просториите со играчки и санитарните јазли каде што се приготвува храната.“ – истакна д-р Стурлакова – Коровешовска.

Симптомите на оваа бактерија, се манифестираат како различни заболувања. Можат да бидат како ангина, пневмонија, бронхитис и други болести. Инкубацијата трае околу три дена, а потребно е лекување од најмалку 10 дена. „Потребно е редовно и правилно лекување. Успехот зависи од самите пациенти. Откако ќе поминат 10 дена од терапијата, се вршат повторно контролни брисеви. Неправилното и долготрајно лекување, може само да остави последици по здравјето на децата“ – завршува Стурлакова – Коровешовска.

OhridNews