Во работна посета на Охрид денеска престојуваше амбасадорот на Република Словачка во земјава, Мартин Безак. Тој оствари средба со градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

На средбата се  разгледуваа можностите за соработка  меѓу Охрид и  словачкиот град Нитра на повеќе полиња , пред се во  културата , со оглед на тоа што овој град изобилува со богата историја, култура и традиции, информираа од локалната самоуправа.

Во тој поглед беше истакнато дека  Нитра е потенцијалниот и прв  словачки град со кој Охрид би се збратимил а тоа би значело не само јакнење на културната соработка  меѓу двата града туку и заеднички настап  со проекти пред европските фондови , јакнење на локалната демократија  и соработка во сферата на спортот и медицината.“ – велат од општина Охрид.

На средбата, првиот човек на Охрид укажал дека градот претставува тло за развој на туризмот, земјоделството и лесната индустрија и дека во таа насока, општината со поддршка од Владата, прави напори за привлекување странски инвеститори.

Словачкиот амбасадор во придружба неговата сопруга, инаку доктор по професија,  ја посети и поликлиниката „Маџаров“ Тие ја разгледа медицинската апаратура и се запознаа со методите на работа на оваа здравствената установа.

Еминентните гости остварија средба со Д-р Светослав Маџаров кој ги запозна со состојбите во приватното примарно и секундарно здравство. 

OhridNews