Без голови и без победник заврши мечот меѓу Арсенал и Хул на Емирати во петтата рунда од англискиот ФА Куп.
„Топчиите“ иако играа со втор состав упатија дури 11 удари во противничкиот гол, но со ниту еден не успеаја да го совладаат гостинскиот голман Јакуповиќ.
За пласман во следната шеста рунда избраниците на менаџерот Арсен Венгер ќе мора да ги совладаа „тигрите“ во повратниот натпревар.
Арсенал во вторник го очекува првиот осминафинален натпревар со Барселона во Лигата на Шампиони затоа ремито со Хул веднаш ќе го заборат навивачите на лондонскиот премиерлигаш.
Пласман во следната рунда од премиерлигашите обезбеди Ватфорд кој го совлада Лидс со минимални 1-0 и Евертон кој пак беше подобар од Бурнмаут (2-0). Ефектот на екипите од Премиер лигата го расипа Вест Бромвич Албион откако претпре пораз од Ридинг 3-1.
OhridNews












