Обновено: Бакрачески ги посети родилките во новото гинеколошко одделение
30.04.13 10:13
Градоначалникот Никола Бакрачески, утрово, го посети новото гинеколошко одделение при Општата болница каде вчера беше родено првото бебе по две и пол годишна пауза поради реконструкцијата на објектот.
Посакувајќи добро здравје, Бакрачески во име на локалната самоуправа, на мајката Марија Арнаудова и подари чек во вредност од 6000 денари.
Градоначалникот упати честитки и до втората родилка која се породи на новото гинеколошко одделение, а на персоналот во болницата му посака успешна работа .
-Имавме можност да присуствуваме на еден радосен чин и да честитаме за првото новородено дете по пауза од две години во Охрид. Радува тоа што Охрид доби модерно опремена болница и јас сум задоволен што сум градоначалник на град кој што ја има најсовремената болница во јавното здравство. Се надевам дека во наредниот период ќе има растечки тренд на бројот на породувањата во охридската болница со оглед на условите кои ги нуди таа бидејќи очекувам тука да доаѓаат родилки не само од соседните градови, туку и од Албанија.-изјави градоначалникот Бакрачески.
Според проценките, во новото гинеколошко одделение на општата болница ќе се вршат околу 600 породувања годишно.
Во потешките времиња нашите баби и мајки ја одржаа верата и за генерациите што понатаму следеа Ним им се должи за духовната надградба којашто ја имаме денес Ова го истакна Митрополитот Дебарско-кич...
Детската бадникова песна која го најавува Христовото раѓање, одекна силно во Охрид и околните населени места и покрај дождливото време Младите бадникарчиња во Велгошти поворката ја почнаа од цркват...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране, 21 литар на метар квадратен, по што следуваат Тетово,19, Попова Шапка, 17, Маврови Анови, 11, Охрид, 6, Крушево, 5, Лазарополе, 3, Берово и П...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.