Политичките партии упатуваат честитки до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам.

– Општинскиот огранок на СДСМ на сите верници од исламска вероисповед во нашата општина им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам, со најискрени желби за радост, среќа, спокојство, благосостојба и добро здравје во секој муслимански дом. Нека и овогодинешниот празник на жртвата им донесе мир во душите на сите Муслимани во Охрид, кои ќе бараат милост од Алах на Бајрам-намаз. Принесувањето на жртва и дарувањето нека донесе радост и среќа во домовите на сиромашните, роднините и пријателите. СДСМ од Охрид посакува овој голем празник да е за многу години.“ – стои во честитката на претседателот на ОО СДСМ Охрид, д-р Томислав Тунтев.

Честитки пристигаат и од општинската ВМРО-ДПМНЕ.

– Со искрени чувства на уважување кон големиот муслимански празник, би сакале на сите припадници на исламската верска заедница и на нивните смејства да им посакаме многу здревје, среќа и успех.Празникот Курбан Бајрам, на симболичен начин, ја претставува жртвата, односно Курбанот, всушност чин, кој во себе содржи возвишени значења и сеопфатни позитивни ефекти, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews