Слабиот старт на Металург сезонава ги даде првите жртви, а тоа се пет фудбалери кои беа столб на екипата изминативе неколку сезони. Петте фудбалери со кои е раскинат предвереме договорот се Игор Кралевски, Агрон Мемеди, Драган Начевски, Александар Тенекеџиев и Илија Нестороски.


Во шест натпревари од првата лига Металург загуби на три и победи на три натпревари додека во осминафиналната рунда од Купот на Македонија ремизираше со Хоризонт Турново играјќи 3-3. Металург во моментов се наоѓа на шестата позиција на прволигашката табелата со шест бодови негатива од лидерот Вардар.

Табела :

Место Екипа Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same Вардар 6 5 0 1 18:4 15
2 same Хоризонт Турново 6 4 1 1 9:7 13
3 up Ренова 6 3 2 1 10:5 11
4 up Работнички 6 3 1 2 14:14 10
5 up Напредок 6 3 1 2 6:7 10
6 down Металург 6 3 0 3 5:6 9
7 down Шкендија 79 6 2 2 2 10:8 8
8 down Пелистер 6 2 1 3 5:6 7
9 down Брегалница 2008 6 2 1 3 4:5 7
10 down Дрита 6 2 1 3 9:12 7
11 same Силекс 6 1 0 5 5:13 3
12 same Тетекс 6 1 0 5 4:12 3

Мх.П.