Циклонот „Давид“ попладнево донесе врнежи од снег во Охридско, кои вечерва се интензивираа.
Снегот веќе формира снежна покривка и го отежна одвивањето на сообраќајот.
АМСМ соопшти дека забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово – Попова Шапка, Крак Маврово – Дебар и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата. Врнежи од снег има во западниот дел од државата.
Според прогнозата на УХМР, во недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе се движи од 0-5, а максималната ќе достигне до 10 степени. Врнежи ќе има и во понеделник, а на места тие ќе бидат од дожд и снег. Утринската температура ќе биде во опаѓање и ќе се движи од -3 до 2, а дневната до 9 степени Целзиусови.
OhridNews
Фото: Ветрот силно го разбранува Охридското Езеро
















