Дедо Мраз денеска со авион слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и бескрајно израдува 250 деца од предшколска голема група од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Тие од најомилениот зимски лик добија новогодишни пакетчиња кои ги обезбеди ланецот маркети Дон Примус од Охрид, на што неизмерно се израдуваа.
Настанот кој е дел од програмата „Од 20 до 20 сите во Охрид“, го организираа Локалната самоуправа и ТАВ-Маакедонија.
Дедо Мраз ги израдува најмладите охриѓанчиња
OhridNews






















