Државната изборна комисија на денешното продолжение на 36-тата седница, ги отфрли поднесените приговори за локалните избори во Охрид, освен за едно гласачко место, каде  било утврдено дека во избирачката кутија имало едно ливче повеќе од заокружените во избирачкиот список кои гласале.

Инаку, за Охрид беа поднесени седумдесеттина приговори за изборни прекршувања, најголем дел од Сојузот за иднината предводен од СДСМ, кој обвини дека локалните избори во Охрид не биле фер и демократски и биле проследени со корупција и поткуп на гласачите.

Седницата и денеска се одвиваше во тензична атмосфера, со расправии помеѓу членовите на ДИК.

OhridNews