Локалните избори во Охрид течат мирно, без проблеми, и со висока излезност, информираат од Општинската изборна комисија.
Висока излезност на локланите избори во Охрид
Според последните добиени податоци од општинската изборна комисија, до 17 часот, во општина Охрид гласале 32.738 граѓани, односно 64,62% од вкупно регистрираните 50686.
Марика Костадиноска – претседател на ОИК Охрид
Согласно законот, избирачките места ги обезбедуваат припадници на полицијата, од каде информираат дека до сега не се забележани нарушувања на изборниот процес во Охрид.
Изборните места во општината ќе бидат отворени до 19 часот.