Пет лица синоќа биле пронајдени убиени покрај Железарското Езеро, во близина на селото Смилковци крај Скопје.

Според првичните неофицијални информации, четири од жртвите биле на возраст од околу 20 години, а едно лице на возраст од околу 40 години. Тие биле пронајдени покрај два автомобили, на телата биле забележливи прострелни рани, а покрај нив имало чаури од огнено оружје.

Една од петте жртви е четириесет и петгодишниот Борче Стефковски од скопското село Црешево, пренесуваат националните медиуми. Според истите извори тој вчеравечер бил на рибарење на езерото. Веројатно не се познавал со убиените четири момчиња и бил застрелан како сведок на нивното убиство.

Телата на сите петмина се предадени на обдукција, а возилата што биле крај езерото се на вештачење од крим-техниката.

Идентитетот на убиените момчиња не се соопштува, а неофицијално се дознава дека тие биле од скопско Радишани. Жителите од селото револтирани од грозоморниот чин бна неколку локации подигнаа блокади, на кои се сопрени и новинарски екипи.

МВР работи на расветлување на случајот.

OhridNews