Непозната направа попладнево експлодира во автомобил „Сеат леон“ во близина на ресторан кај спортската сала „Јане Сандански“ во населбата „Аеродром“, при што е повредено едно лице.
Како што јави телевизијата „Телма“, повредениот е 31 годишен жител од Кочани, кој бил пренесен во скопската градска болница. Неофицијално врз него веќе имало еден обид за убиство.
На местото на настанот во тек е полициски увид.












