Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес брзо и според очекувањата закрепнува од страотната повреда која ја доби на главата на дуелот со Депортиво ла Коруња во Ла Лига. По деталните прегледи на главата напаѓачот на „јорганџиите“ беше пуштен од болницата во која беше примен синоќа


„Ел Њино“ по сударот со противничкиот играч падна на главата како покосен на теренот. Брзата интервенција на Габи и Врсаљко го спасија Торес од најлошото кој се огласи на социјалните мрежи.

– Ви благодарам на сите што ми испртативте порака за брзо закрепнување. Се надевам дека ќе се видиме наскоро на фудбалските терени. – напиша на својот твитер профил Торес.


Негово брзо опоравување му посакаа сите фудбалски ѕвезди и клубови каде настапувал еден од најтрофејните фудбалери.

Габи и Врсаљко му го спасија животот на Фернандо Торес (видео)

OhridNews