Актуелниот светски првак, Французинот Аксел Рејмонд победи на Ултра маратонот на 25 километри, што се одржа денеска на Охридското Езеро. Тој патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина за 5.20.55ч.

Инаку, 25-годишниот Аксел Рејмон триумфираше во Охрид и во 2013 година.

Во неизвесна трка и возбудлив финиш, втор на целта пристигна нашиот Евгениј Поп Ацев (05:21:03), кој изби на првото место на светската табела, минувајќи го Италијанецот Стокино, кој во Охрид заврши на делба на 4-то место заедно со Холанѓанецот Марсел Шоутен. Франческо Џетини, минатогодишниот победник, трката ја заврши на третото место.

Задоволен сум од трката, мојата тактика беше да бидам на подиумот и да пливам со Рејмонд рамо до рамо. На крај имав слила да испливам до второто место и среќен сум што сега сум прв во севкупниот пласман. – изјави по трката Евгениј Поп Ацев.

Во женска конкуренција, победи Италијанката Аличе Франко, со време 05:41:15ч., пред Ерика Јенсен од Аргентина и водечката во генералниот пласман Пилар Гејко.

Маратонот во Охрид е четврта трка во рамките од Ултра пливачка серија под капата на Фина. До крајот на сезоната има уште две трки, во Хрватска и Италија.

OhridNews