Мартин Гоџоски од Варош го фати крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.

Крстот во Охрид го фати Мартин Гоџо
Крстот во Охрид го фати Мартин Гоџо – Фото: Емил Јовановиќ

Тој беше најснаодлив и најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи кои запливаа во осветените студени води на Охридското Езеро.

Се капам на овој ден веќе десет години, голема желба ми беже да го фатам крстот барем еднаш во мојот живот, еве се случи. Посакувам здравје, среќа и благосостојба на сите. – изјави 25-годишниот Мартин.

ФОТО ГАЛЕРИЈА:

Водици во Охрид 2022

OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ