Делови од булеварот „Туристичка“ и населбите Лескајца, Воска и Далјан па се до Коснозглобна се без вода за пиење речиси цел ден. Причина за тоа како што информираат од Водовод Охрид е голем дефект на водоводна цевка со пречник фи 300 во близина на ОУ „Братство и Единство“ во населбата Лескајца.

Екипи на Водовод Охрид работат на отстранување на дефектот, а интервенцијата ја отежнуваат лошите временски услови и тешкиот терен, информираат од јавното претпријатие. Додаваат дека работите ќе продолжат без престан се до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.

Обилните врнежи од дожд што изминатите два дена го зафатија охридскиот регион предизвикаа серија дефекти на водоводната мрежа во Охрид, поради што делови од градот денеска од 7 – 15 часот беа без вода за пиење. Овие дефекти се отстранети и водоснабдувањето во Лакочереј, Лескоец, улиците 15 Корпус, Кленоец, Ристо Чадо и населбата Црногорци е нормализирано, известија од Водовод Охрид.

OhridNews