Симпазитерите на ВМРО ДПМНЕ, вечерва еуфорично почнаа да ја прославуваат победата на нивниот кандидат за градоначалник на Охрид, д-р Никола Баркачески.
Пред насобраните сипматизери на плоштадот „Св. Климент Охридски“ се обрати неофицијалниот победник за градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески, кој се заблагодари на поддршката од граѓаните, партијата и централната власт, посочувајќи дека со денешната победа тој го исполнил првото ветување дека нема да загуби на локалните избори.
Тој рече дека чесноста и постигнатите резултати во професионалната кариера му овозможиле да тропне на вратите на охриѓани, да ја побара и да ја добие нивната поддршка.
„Само тој со чист образ може да влезе, да затропа на секоја порта. Да се претстави кој е што е, и да го запаметат граѓаните, кај кого утре тие ќе затропаат на врата. Само чесните луѓе го можат тоа.“ – рече Бакрачески.
Во изјава за медиумите, Бакрачески вети дека преку реализација на конкретни проекти ќе работи во интерес на градот и граѓаните, на што го обврзува резултатот од локалните избори.
– Големата излезност на граѓаните каков што немало последните 20 години ја покажа желба на Охрид за посветла иднина, желбата на охриѓани да имаат иднина во која ќе ќе чекорат на здрави нозе, иднина што ќе означи отварање нов прозорец на можности и нова страница за генерациите кои доаѓаат. Јас како градоначалник на Охрид ја преземам должноста и одговорноста за сите неотпочнати и незавршени работи и ветувам дека ќе ги соберам сите охриѓани во градењето подобро утре, изјави новиот градоначалник на Охрид.
Славењето на победата на коалицијата предводена oд ВМРО-ДПМНЕ беше збогатенo со огномет, а продолжи низ улиците на Охрид.
OhridNews
Фото: Емилио











