Со црковни обичаи, денеска беше осветена новоизградената порта на влезот од манастирскиот комплекс во Св. Наум.

На осветувањето кое го изврши митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, присустуваа црковни лица, бројни верници, како и претставници на локалната самоуправа, меѓу кои и градоначалникот Никола Бакрачески.

Покрај изградбата на портата, во манастирскиот комплекс во Св. Наум поставени се типизирани куќички за продажба на сувенири, изграден е нов санитарен јазол и инфраструктура, а во тек е и хортикултурно уредување на просторот.

OhridNews