Охридските ракометари пред своите гледачи со 27-21 (14-10) го совладаа Пелистер во 16-та рунда од Супер лигата.


Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски со триумфот ги срушија надежите на Пелистер за пласман на местата кои водат во плејофот.


Доброто започнување на мечот на гостите ги разбуди охридските ракометари кои со брзи голови веднаш направија предност на семафарот (8-4).


До крајот на првиот дел двете екипи постигнаа по шест погодоци за 14-10 на полувремето.


Мечот, кој живот значеше за Пелистер си го направи своето. Гостинските ракометари со серија голови и добра одбрана се вратија во игра и во 43-та минута (19-18).


Охридските ракометари уфрлија брзина погоре, возвратија со иста мера и ја „обезбедија“ вообичаената предност.


Брзоплетите напади на гостите во финишот оставија простор за контри со кои охриѓани им пресудија на битолчани за конечни 27-21.

Р.К. Охрид : Пецаков (5 одбрани), Колев (2 одбрани), Костески (6 одбрани), Андоновски, Соколов 3, Караиванов 9, Вешоски 1, Тасески 5, Трифуноски 4, Б. Белевски 2, В. Белевски, Новаковиќ, Печенковски 2, Поп-Стефанија, Анѓелкоски.

Р.К. Пелистер : Крстевски, Јованоски (9 одбрани), Симоновиќ (2 одбрани), Николиќ 5, Дрогришки 6, Илиевски 3, Рајатовски 2, Тодоровски, Гаревски, Трујовски, Вљаноски, Ангелоски, Ѓоргиевски, Христов, Кузманоски 4.

Фото : Емилио

Мх.П.