Чешкиот тенисер Томаш Бердих обезбеди пласман во 1/2 финалето на грен слен турнир Вимблдон, откако Новак Ѓоковиќ го предаде мечот поради повреда на десната рака.
На српскиот тенисер не му помогна ниту лекарската помош на стартот од вториот сет. Првиот, Ѓоковиќ го изгуби 7-6 кога и почна да се жали на болки во пределот на трицепсот.
Бердих во 1/2 финалето ќе се сретне со Федерер, кој во 1/4 финалето во три сетови го совлада Раониќ.
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Квери и Чилиќ. Американецот го елиминираше домаќинот Мареј, додека Чилиќ подобар беше од Милер.
OhridNews