13:00 Ефикасна фудбалска вечер со вкупно 25 погодоци понудија синоќешните натпревари на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино.

Најефикасна беше Златара Бени Ерол, која во натпревар со дури 15 погодоци го совлада Киоск Кај Бироно со 10:5.

До победа стигна и Мики Про Керамика, која беше подобра од Злате Транс со 5:2, додека најнеизвесна беше пресметката меѓу Аце Најдески и Мороишта. Аце Најдески славеше со минимални 2:1.

Резултати – 14 август:

Мики Про Керамика – Злате Транс 5:2
Златара Бени Ерол – Киоск Кај Бироно 10:5
Аце Најдески – Мороишта 2:1

Организаторот соопшти дека вечерва нема да се играат натпревари, а по слободниот ден турнирот ќе продолжи во недела според предвидениот распоред,

OhridNews