14:20 Пожар избувна денеска во планинскиот предел во реонот помеѓу селата Вапила и Расино, информираат од Македонски шуми, ПЕ Охрид.

Од Охрид може да се забележи густ чад како се издига од блиската планина кон небото.

За пожарот информирани се надлежните служби на Шумското претпријатие Галичица и ТППЕ Охрид кои преземаат соодветни мерки, а состојбата ја следи и Националниот парк Галичица.

Во моментов на терен е едно противпожарно возило со седумчлена екипа на ЈП за стопанисување со шуми „Галичица“ од Охрид, а се подготвува да замине уште една екипа од пет члена. На терен е и Територијалната против пожарна екипа од Охрид. Ситуацијата се следи внимателно, но теренот е непристапен, а проблем претставува и тоа што не може да се воспостави мобилна врска. Ветрот исто така си го прави своето, но чиниме максимални напори да го ставиме пожарот под контрола. – ни изјави во телефонски разговор директорот на ЈП за стопанисување со шуми „Галичица“ Славчо Голабоски.

 

OhridNews