Наместо официјални и службени информации, на веб страниците на Регулаторната комисија за домување, Агенцијата за храна и ветринарство и Центарот за образование на возрасните е објавена честитка за 28-ми ноември – Денот на албанското знаме, која е испишана на албански јазик и е поставена заедно со слика од карта на Голема Албанија. Со оглед на содржината која е постирана, се претпоставува дека уривањето на страниците го направиле албански хакери.

Дел од нашите читатели не информираа дека во текот на денов, оваа порака била поставена и на  веб страниците на неколку македонски општини, кои подоцна била отстранета.

OhridNews