Христијан Јованоски беше најбрз на првата трка за дедомразовци и бабамразици во Охрид, што се одржа денеска на градскиот кеј.

Првопласираниот доби награда таблет.

-Многу сум задоволен што во Охрид се одржа една ваква манифестација. На трката настапив на иницијатива на мојата мајка и таа е заслужна за победата. – рече најбрзиот Дедо Мраз во Охрид, Христијан Јованоски.

Втор на целта пристигна Дејан Ангелоски кој доби телефон, а третопласиран „Дедо Мраз“ беше Јован Јованоски кој освои вечера за двајца во ресторанот „Валентино“.

Првата трка за дедомразовци и бабамразици во Охрид се одржа во рамки на проектот „Од 20 до 20 сите во Охрид“ кој се реализира со поддршка на локалната самоуправа во насока на збогатување на понудата на градот за празниците.

-Ваквите манифестации верувам ќе придонесат кон остварување на целта, а тоа е Охрид да нема сезона, туку постојано да доаѓаат туристи тука. – истакна Јован Јованоски, учесник на трката.

Учесниците трката ја посветија на децата со ретки болести.

OhridNews