И Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа оставки од функциите членови на Државната изборна комисија, информира Макфакс. Од деветте члена, остана уште Ермира Асани-Салија од Беса, која во ДИК влезе пред локалните избори на местото на Бедредин Ибраими од ДПА.

Неколку часа пред нив оставки си дадоа Субхи Јакупи и Реџеп Прекопуца од ДИК и Атанас Урумов од редот на експертите. Инаку, прв оставка од функцијата поднесе претседателот Александар Чичаковски, кој беше од редот на експертите. Неговиот пример го следеа членовите предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, и во текот на вчерашниот ден веднаш по него и тие ги напуштија функциите.

Оставките доаѓаат по притисокот од јавноста за високите бонуси што членовите на ДИК си ги доделиле со интерна одлука. Како што информираа минатата недела, некои од нив парите ги донираа во хумантирани цели, а други најавија дека ќе ги вратат во буџетот.

OhridNews