Случајот во Лешани каде попладнево локален жител се заканувал дека ќе ја запали сопствената куќа е разрешен без проблеми, информираат од охридската полиција.

По дојавата која пристигнала до СВР Охрид екипи на полицијата, противпожарни возила и претставници на надлежни институции веднаш излегле на терен и на мирен начин ја разрешиле ситуацијата.

Лицето, инаку наркозависник, од порано било познато на службите по слично однесување. Тоа било приведено и згрижено во соодветна институција.

OhridNews