Во Скопје вечерва заседаваше Централниот одбор на СДСМ кој  расправаше за иницијативата на опозицијата за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските оваа пролет, кога ќе се одржат и вонредни избори за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село.

Централниот одбор донесе одлука да го задолжи Извршниот одбор на партијата да одлучи дали заедно со претседателските избори ќе се одржат и предвремени парламентарни избори. СДСМ оди на победа на било какви наредни избори – изјави по седницата на ЦО генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски.

Кирацоски посочи дека ЦО донел одлука за отпочнување на процедурата за избор на кандидат за претседател на државата, како и за избор на кандидати за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село. Процедурата треба да заврши до партискиот конгрес закажан за 3 март.

На седницата не присуствуваше лидерот и премиер Зоран Заев, кој поради временските неприлики наместо во Скопје вечерва слета во Софија.

OhridNews