Единствениот натпревар во првата пролетна рунда без голови го одиграа Охрид и Турново. На тешкиот терен во Охрид по деведесет минути безпоштедна борба,  фудбалерите не успеаа да го најдат патот до мрежата, па мораа да се задоволат со поделба на бодовите.


Натпреварот во најголемиот дел од мечот беше изедначен, а двата тима неизменично се менуваа во атаците кон противничките мрежи. “Реновираниот“ Охрид  во петтото реми на домашен терен (трето со резултат 0-0) одигра послабо во првиот дел оставајќи им премногу простор на гостите кои преку Георгиев и Попин имаа свои шанси. Корпулентниот Попин и брзоногиот Георгив беа констатна закана кон голот на Бубоња, кој пак во неколку наврати смирено реагираше недозволувајќи да се тресе охридската мрежа.


По паузата, избраниците на Михајлов, заиграа поагажирано, а вистинска свежина во играта внесе Дејкоски, кој неколку минути по влегувањето имаше одлична можност , но топката по  центаршутот на Ѓуровиќ го одмина младиот напаѓач. Како одминуваше времето, заморот ги стигна фудбалерите но желбата за победа ги отварааше можности за погодок.


На шансите на Георгиев и Попин, одговорија Клечкароски и Ѓуровиќ, овој вториот еднаш и ја затресе мрежата, но секунди претходно главниот арбитар Ставрев ја прекина играта поради прекршок над голманот Димовски.


Во финишот на мечот по приликата на Мојсов “рибарите“ нападнаа кон гостинскиот гол, Ѓуровиќ предничеше во тие напади, но топката не го посака српскиот интернационалец. Длабоко во судиското надополнување охриѓани бара удар од белата точка по стартот над Ѓуровиќ во казнетиот простор, но интернационлецот Ставрев само одмавна со раката.

М.П.