Голема излезност го карактеризира вториот круг од локалните избори во општина Дебрца. Како што информираат од Општинската изборна комисија, гласањето тече мирно, со мали исклучоци.

Гласањето се одвива нормално, со мали исклучоци, како што е агитација пред избирачки места, но тоa веднаш е отстрането и изборите течат нормално, изјави Љубен Стојкоски, претседател на ОИК Дебрца.


Според последните информации од ОИК, ВО Дебрца до 17 часот гласале 73,19 % од гласачите, односно 3341 жител, што е за неколку проценти повеќе отколку во првиот круг.


Излезноста е голема и во Белчишта, каде има едно избирачко место.

-Избирачкото место 1314 во с. Белчишта се отвори во 7 часот. Изборниот процес  тече во ред и без проблеми-изјави Катерина Латкоска, претседател на избирачко место 1314.


Во единствениот избирачки список во општина Дебрца евидентирани се 4569 граѓани кои гласаат на 28 избирачки места.

OhridNews