Пожарот кој попладнево околу 14.45 часот изби во подрумски простории од стамбена зграда на улицата „Карпош Војвода“ е изгаснат, информираат од охридската Противпожарна служба.

При опожарувањето не е предизвикана поголема материјална штета. Во гаснењето учествуваа пет пожарникари со едно противпожарно возило.

Првичните информации говорат дека пожарот бил предизвикан од човечки фактор.

 

 

 

OhridNews