Годинешниот македонски претставник на 63-то издание на Евровизија, групата „Еye Cue“ имаше извонреден настап со песната „Lost and Found“ на сцената во Лисабон, кој на крајот се покажа недоволен за пласман во големото финале.
Светлечките ефекти на сцената ја надополнија убавата изведба на песната Lost and Found која беше 11-та по ред во првата полуфинална вечер. За гардеробата на пејачката Марија Ивановска се погрижи познатиот моден бренд „Румор“ – Охрид и Александар Бимбилоски кои рачно изработија уникатна облека за сценскиот настап.
Пласман во финалето изборија земјите Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Република Ирска, а останатите ќе се комплетираат после втората полуфинална вечер на 10 мај. Директен пласман во финалето без да учествуваат во полуфиналните вечери имаат домаќинот во случајов Португалија и Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија.
OhridNews