Љубителите на добрата забава викендов ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.

Добра забава за оваа вечер најавуваат од клубот „Cuba Libre Beach&Bar“ каде што настапува извонредниот бенд „Shine“. Почетокот на забавата е во 22 часот.

Во „Еспана клуб“ вечерва во 23 часот настапува познатата фолк група „Kiss Me“.

Утревечер во „Cuba Libre Beach&Bar“ со почеток во 22 часот настапува „Iguana band“. Бендот го сочинуваат: Тања Димова Трајанова – вокал, Александар Трајанов  – гитара, Горан Гешовски – бас и Сашо Стојановски – тапани.

За забавата во „Cuba Libre Havana Night club“ вечерва ќе се погрижи Dj.Chiko, а утревечер Dj.MM-Deep.

Оваа сабота (05.12.2015 не пропуштајте ја забавата во Mr. I заедно со „The Hounds“.

Забавата започнува во 22 часот.

Охриѓани и туристите кои сакаат да уживаат во акустична музика и вкусни специјалитети вечерва и утревечер ќе може да уживаат во атмосферата на „Мезе бар 10“. Почеток на забавата е во 20 часот.

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews