
Претседателот Франсоа Оланд и градоначалникот Ан Хидалго ја открија спомен-плочата во знак на сеќавање на жртвите. Таа се наоѓа во подножјето на дрво засадено на Плоштадот на републиката , место кое стана симбол на француската солидарност по терористичките напади. Пееше францускиот рокер Џони Холидеј а армискиот хор емотивно ја изведе француската национална химна. Церемонијата е дел од настаните викендов со кои се одбележува првата годишнина од терористичките напади на еврејскиот пазар во Париз и редакцијата на сатиричниот весник Шарли Ебдо.
На настаните исто така се потсетува на повеќе од 130 луѓе кои загинаа во бранот терористички напади во Париз во ноември за кои е осомничена терористичка група поврзана со Исламска држава. Француските власти од тогаш почнаа со засилени безбедносни мерки вклучително прогласена беше и вонредна состојба.
OhridNews
извор РСЕ











