Традиционално и оваа година Општина Охрид објави Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.
Пријавувањето на конкурсот ќе трае до 28-ми декември.
Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди: прва – 10.000 денари, втора – 6.000 денари, трета – 4.000 денари.
Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми: При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.
Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.
OhridNews












