Поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело „Убиство во обид„, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против В.К. (33) од Прилеп.
Пријавениот, во текот на вчерашниот ден , во куќа во Охрид, со кујнски нож, кој го имал во јакната, ја нападнал неговата сопруга С.К.(32) и со намера да ја лиши од живот, и задал пет убоди во пределот на стомакот, градите, грбот и рацете. В.К. веднаш потоа, избегал од местото, додека неговата сопруга, со тешки телесни повреди, итно е пренесена во Општата болница во Струга.
По еден час од преземени оперативни мерки, полициски службеници, во Ресен, во такси возило, го пронашле и привеле В.К. по што, истиот бил лишен од слобода.
На нападот со ножот, претходела вербална расправија и караница помеѓу брачните партнери поради нерешени семејни проблеми и нарушени брачни односи. Тие биле и основна причина, сопругата С.К. со двете малолетни деца да го напушти семејниот дом во Прилеп и привремено да претстојува кај пријатели во Охрид.











